Натпреварот „Роботи без граници“ 2011
април 15, 2011 | Натпревари
Јавен повик и правила за учество до сите основни училишта од Општина Битола.
Еве слика како би изгледал полигонот за натпреварот „Роботи без граници 2011“.
ВАЖНИ ПРОМЕНИ И ВЕСТИ:
- Поради славење на различни училишни патронати, како и други ангажмани на натпреварувачите во овој период, за да им дадеме на сите доволно време да се подготват за натпреварот, ги правиме следните промени:

- Одлагање на крајниот рок за доставување на видео презентациите и пишаните трудови до 26-Мај-2011 (т.е. датумот се поместува од 10-Мај до 26-Мај).
- Одлагање на датумот за одржување на натпреварот за 28-Мај-2011 (т.е. датумот се поместува од 14-Мај до 28-Мај).
Натпреварот ќе се одржи на 28-Мај-2011 во амфитеатарот на Педагошкиот Факултет во Битола.


