Дневник, ден 11, 19 јули 2011

јули 19,2011 | Uncategorized

Денес работев на функционалностите логин (најава), регистрација (нов акаунт) и заборавена лозинка.

0. Вклучување, избор и исклучување на базата на податоци во php.

1. Логин – во овој дел, прво се проверува дали се пополнети корисничкото име (број на книшка или брoj од здравствен фонд) и лозинката. Во потврден случај, се проверува дали се совпаѓаат корисничкото име и лозинката (дали постојат како пар), со пристап до базата на податоци. Доколку условите се исполнети, се оди на страната за доктор/пациент (можеби и админ подоцна).

2. Регистрација – тука се обезбедува форма за регистрирање, со сите потребни полиња. Ги додадов опциите при нецелосен влез да бидат потенцирани полињата кои се погрешни, а исто така да се запамти претходниот влез/избор. Сигурноста на лозинката се потврдува со двоен внес. Листата на градови ја додадов од листата на податоци, со веб програмирање. Исто така, опции со избор се и полот и датумот на раѓање. Креирав и страница која потврдува дека внесот е успешен. Паралелно, се додаваат податоците во базите на податоци.

3. Ја заборавив лозинката – овој линк те носи на нова страница, каде треба да го внесеш е-мајлот со кој си регистриран. Доколку е во ред, на него се испраќа нов случаен 32-знаковен пасворд, со што се зголемува сигурноста.

 

Share

Дневник, ден 10, 18 јули 2011

јули 19,2011 | Uncategorized

Фаза КОДИРАЊЕ (број 3). Главниот предизвик започна.

1. Инсталација на wordpress и wamp на лаптопите. Подесување. Префрлање на базите, ова го решивме по истражување на google, со користење на export  и import опции на phpmyadmin.

2. Разговарање со Јасмина и Александра околу одредени идеи.

3. Почеток на програмирањето. Креирање на почетниот интерфејс (страната index.html/php). Додавање на полиња, кошчиња и линкови.

4. Барање на пример скрипти, и почеток на пишување на функционалност на почетната страна.

5. Одредување на темплејт за работа со wordpress.

6. Делење на обврските за нареден ден.

7. Повторен разговор за дизајнот на целата апликација, со осврт на функционалностите (претходниот дизајн беше исто така добар, меѓутоа го загубивме записот).

Share

Дневник, ден 09, 15 јули 2011

јули 17,2011 | Uncategorized

Листа на исполнети активности на ден петок, 15ти јули:

1. Одржан координативен состанок со другите практиканти и Александар и Александра. Разговор за направеното во изминатата недела и изнесување на идеи и планови за наредната. Потоа, координативен состанок на секој оддел во АТТЕ пооделно.

2. Дизајнирање на детален прототип на интерфејсот на страната за пациенти. Просторно дефинирање на најголем дел од работите и ставање на прашалници кај останатите (за да се дефинираат во иднина).

3. По паузата, јас и Александар М. работевме на веб – страната на АТТЕ. Најдовме template кој ќе биде навистина корисен. Освен естетиката, ја искористивме и можноста за втор сајдбар, поставување на лого, делење на постовите во колони (две), … Поставување на анкета во вториот сајдбар, менување на опции во постоечки html/css-фајлови. Додавање на нови опции за приказ на корисниците (вработените/практикантите/волонтерите).

Share

Дневник, ден 08, 14 јули 2011

јули 14,2011 | Uncategorized

Денес беше прилично исполнет ден, времето во АТТЕ го поминавме навистина корисно.

1. Презентирање на резултатите од вчерашната анализа на програмата openMRS на Александар. Дискусија околу компонентите.

2. Изготвување на табела со сите потребни функционалности на идната програма, листа на компоненти и нивна достаност до секој од можните профили на луѓе.

3. Презентација на Александар Мојанчевски, практикант, на неговите познавања на базите на податоци.

4. Изготвување на план, дизајнирање на базите на податоци на таблата. Дискусии и судир на спротивставени мислења, а како краен продукт – крајна прецизна замисла за табелите (entities), со нивните атрибути и поврзаноста меѓу нив.

5. Планот запишан на табла го претворивме во реализација. Изготвени беа стандардни и релациони табели, а за дел од нив се внесоа и можните вредности (градови, крвни групи, …).

6. Ручек – дружење со децата и волонтерите/организацијата на Роботека.

7. Работење на веб-страната на АТТЕ – за да се подобри приказот на лицата од АТТЕ, мораше прво да се додадат и изменат полињата за регистрација (со плагин). Со тоа патем се подготви и формата за регистрација, која ја поставивме во header. Наредно, со plugin editor – от го изменивме и порамнивме приказот на лицата од организацијата на АТТЕ.

Share

Дневник, ден 07, 13 јули 2011

јули 13,2011 | Uncategorized

Среда, 13ти јули. Продолжување со започнатите активности и по нешто ново:

1. Состанок на АТТЕ – средба на вработените со практикантите и волонтерите. Подобро запознавање. Дискутирање околу изминатите активности на екипата од АТТЕ. Одредување на правила и множество на вредности, за доброто на организацијата. Разговарање за минатото и идните планови на АТТЕ.

2. Презентација на Александар за базите на податоци:
- Основен поим, зошто се потребни, основен приказ, јазици кои ги имплементираат, …
- Разбирање на значајноста на добра стратегија во врска со базите (лоша би можела да значи лесно overload или пад на серверот).
- Како да се направи добра стратегија, како да се поврзат базите (one to one, one to many many to many).
- Стандардни и релациони табели.

3. Детална анализа на openMRS open – source апликацијата, компонента по компонента. Дискусија зошто секоја од нив (не) би можела или (не) би требала да се искористи. Заклучоци.

4. Нови првични идеи за базите на податоци, со користење на новите знаења од денешната презентација.

5. Работа на страната на АТТЕ. Нови идеи. Работа на идејата за поставување на страна (page), како дел од менито, таква што ќе овозможи прикажување на сите членови на АТТЕ. Форматот би бил: име, презиме, корисничко име, биографија за личноста, мејл, позиција во АТТЕ и негова слика. Доколку некое од незадолжителните полиња не е пополнето, да не се прикаже воопшто. Оваа задача беше во најголем дел исполнета, со користење на неколку плагини (пред се, WordPress Users плагинот,
кој требаше и ќе треба значајно да се модифицира за потребите на нашата замисла).

Share

Дневник, ден 06, 12 јули 2011

јули 12,2011 | Uncategorized

Вторник, ден 6ти,  извршени активности (подготовка за втората фаза – на дизајн и други активности од различен тип):

1. Избирање на open – source постоечко решение, од кое ќе користиме готов код. Дефинирање на јазиците кои ќе се користат во проектот.

2. Препознавање на јазиците кои се користат во постоечката репер – програма.

3. Разгледување на Google Body програма. 3D анимирање на човечкото тело (машко или женско), приказ на сите коски, мускули, повредени (или оштетени) делови и слично. Ова би можело да се искористи во некоја од наредните верзии на програмата, во тековната најверојатно нема.

4.Поделба на задачите помеѓу практикантите:
-Работа со бази на податоци
-Изработка на интерфејс
-Веб програмирање
-Quality assurance (тестирање)

5. Поминување на време со децата – учесници од Роботека и нивните претпоставени, запознавање со нивните тековни задачи.

6. RSS feed е можност за поврзување на нашата со друга страна, при што постовите од неа ќе се објавуваат автоматски и на нашата веб – страна.

6. Разгледување на страната на АТТЕ. Креирање на нова верзија од оваа веб страна, со нов изглед и опции. Засега се додадени категории и постови, поставено е менито (главното). Во sidebar-от е поставен RSS feed кон страната на Роботека 2.0. Поставено е копче (со plugin) за ФБ лајк.

Share

Дневник, ден 05, 11 јули 2011

јули 11,2011 | Uncategorized

Денешниот ден беше искористен како меѓуфаза (или подготовка за втора фаза).

1.Со Петар разговаравме за досега направеното. Потоа, предлагавме идеи и дојдовме до план за дизајн: изглед на страница, навигација, мени, кои полиња треба да ги имаат класите кои ќе се користат, … Се согласивме околу страните кои треба да служат како пример при изработката.

2. Посета на учесниците од третата недела на РОБОТЕКА 2.0.

3. Креирање на база на податоци. Креирање на табели кои би се користеле. Поставување на врски помеѓу табелите со index поле. (ова не е крајна верзија на базата на податоци, туку првичен зацрт).

Share

Дневник, ден 04, 08 јули 2011

јули 8,2011 | Практиканти

Последен ден од првата фаза на истражување и анализа. Исполнети се зацртаните активности за оваа недела. Денешен извештај:

1.OpenMRS програма -> Оваа програма се користи офлајн. Дизајнот е доста добар и страната делува прегледно. Ја разгледав детално програмата, има посебен изглед за нелогиран корисник, за логиран како пациент и за логиран како доктор (веројатно слично ќе биде и кај нашата идна апликација).  Во делот Home има дел за логирање, понатаму апликацијата има “барај” дел, дел за исцртување на графици и табели, дел за барање на информации за лек, …

2.ОpenEMR (demo верзија) -> Програмата делува доста сложено и непрегледно. Го разгледав интерфејсот, можностите (додавање на нов пациент, пребарување и полиња на резултантната табела, пораки до/од доктор, …)

3. Запишување на одредени идеи за изгледот на наредната страна, за полињата кои би ги содржело менито, одредување на постоечки апликации кои најмногу би користеле како пример.

4. Ревизија на страните посетени пред неколку дена. Издвојување на листа на корисни алатки со кои се сретнав патем.

5. Предвидување за програмските јазици и скрипти кои биле употребени за изработка на постоечките страни.

6. Конструирање на табела со сите разгледани онлајн и офлајн апликации деновиве. Пополнување на табелата со нивните можности/карактеристики.

7. Гледање на туторијали за имплементација на CRUD (Create Read Update Delete) во PHP.
7.1. Read -> градење на навигацијата (со table), како да се селектира и да се прикаже селектираната опција од навигацијата, користење на помошни функции (mysql_query, mysql_fetch_aray), …
7.2. Create -> работа со форми. Додавање на textfield, combo, radiobutton, submit копче, … Избирање на најдобар и најсигурен начин за избегнување на лоши знаци при внес на корисник (пример: ” ). Валидација на форми.
7.3. Update (Edit) -> Користење на помошни mysql функции: mysql_affected_rows, intval, … Начини на известување на корисникот во случаи на правилна или неправилна промена (ако е неправилна, каде точно е грешката).
7.4. Delete -> бришење на селектиран објект (преку id), зголемување на сигурност при бришење (confirm дијалог).

Share

Дневник, ден 03, 07 јули 2011

јули 7,2011 | Практиканти

Извештај за исполнети активности на третиот ден од практикантството во АТТЕ:

1. Разгледување на HTML 5, поточно на новитетите што ги нуди, пред се на:
-video
-audio
-canvas
- семантички компоненти (section, article, …)

Исто така, отворање на изворниот код и преглед на дефинираните функции и атрибути за работа со споменатите компоненти.

2. Инсталација на WordPress. Чекор – по – чекор поминување на туторијали од официјалната страна:
-Изглед и состав на основниот прозорец на креираната апликација/блог
-Почетно работење во wordpress -> пишување на нов пост, менување тема (theme), значајни прашања кои помагаат да се сфати полесно идниот проект, работа со коментари (борба со spam),  категоризација на апликацијата (со ID),  креирање мени, background & color, Header слика
-Вовед во креирање на своја тема (има можност за користење на image фајлови, css style-sheets, кодови – php, веб страници), каде се става, што се користи -css, php, html

3. Гледање на MySql туторијали
-CRUD кратенка
-имплементација на основните функции за работа со бази на податоци (CREATE, READ, UPDATE, DELETE) во commandprompt
-креирање на база на податоци и табела во неа во commandprompt
-сето ова може да се направи и во phpMyAdmin на прилично полесен начин. Прегледноста е друга позитивна страна.

4. Како се имплементира MySql во PHP – 5 чекори:
4.1. Create a db connection
4.2. Select a db to use
4.3. Perform db query
4.4. Use returned data (STEPS 3 & 4 CAN BE REPEATED AS MUCH AS YOU LIKE)
4.5. Close connection
Треба да се проверува во секој чекор дали наредбата е валидна. Во спротивно, да се заврши апликацијата.

5. Туторијал за изработка на проект -> разгледување на неколку први фази при изработка на еден проект, со помош на php, mysql и apache
Фаза 1: BluePrint -> Скица, основна идеја за апликацијата, како би изгледала, што би содржела, кои можности
Фаза 2: Databases -> Креирање на база на податоци со табели. Поврзување на табелите. Како? Детето табела секогаш содржи поле со улога на покажувач кон родителот табела (roditel_id).
Фаза 3: Project Setup -> креирање на фолдер, подфолдери и фајлови во него.
Фаза 4: PHP, HTML, CSS -> структура на CSS фајл, негово вметнување во PHP, вметнување на базите во php (петте чекори, опишани погоре), include/require, константи, линкови

*Ова не мора да се навистина фазите, ова е некое мое сортирање на она што го гледав/научив/испробав.

6. Листа од идеи до кои дојдов, користејќи го досега наученото (основен изглед на веб апликацијата, почетна страна, како да се изработи и поврзи веб страната, …)

Share

Дневник, ден 02, 06 јули 2011

јули 6,2011 | Практиканти

Еве како течеше мојот втор ден како практикант во АТТЕ:

1. Го разгледав мејлот кој го прати, со посебен акцент на она што треба да го правам деновиве (што не е направено)

2.Запознавање со идните активности, разгледување на можностите што ги нудат wordpress и конкретните офлајн – апликации openEMR и openMRS. Пред се, со користење на википедија и гугл пребарувач.

3. Бидејќи сметав дека WampServer – от ми е инсталиран и подготвен за работа, се насочив на спуштање и инсталација  на WordPress и офлајн – медицинските апликации. Овие инсталации беа неуспешни, обидувајќи се да ги поправам поминав околу 2 часа. На крајот, сфатив дека грешката е во WampServerot, па го преинсталирав. Инсталација на текстуален уредувач Komodo Edit6.1.1.

4.Неколку часа поминав гледајќи туторијали за PHP и за подесување на wampserver-oт. PHP делот сега функционира, го испробав неколку пати, паралелно вежбајќи ги вежбите од туторијалите.
4.1.Основи на PHP, основна синтакса и разлики со Ц кај работа со променливи, со податочните типови, разгледување на дополнителни олеснителни функции кај нив, работа со кориснички функции…
4.2. Градење на динамички веб – страни

4.2.1. links/URL -> работа со $_GET и начини на енкодирање, потребни кај некои специјални симболи.
4.2.2. forms -> работа со полиња за внесување преку $_POST
4.2.3. cookie -> setcookie функција, $_COOKIE и ifset функција. За поголема сигурност, се користат sessions.
4.2.+ include функција
4.2.++ headers -> можност за пренасочување или неотворање на страна

5. Инсталација на J2SE6, Apache Tomcat 6, бидејќи беа потребни за медицинските софтвери.

6. Почетоци на работа со mysql, влез/излез преку командна линија, промена на пасворд (лозинка), одредување на root directory,…

7. Epi Soft софтвер -> офлајн софтвер, се состои од:
- лични податоци (има единствено id поле за распознавање)
- податоци за X мерења
- приказ во график и табела
- поле за пребарување
- OK flag кај мерењата (дали резултатот е во ред, или е потребна терапија)

8. Проба на проекторот (но, во внатрешни услови, бидејќи надвор времето не дозволи)

9. Подготовка на статија за во билтенот, праќање на Павлина

Share

« Older Entries   Newer Entries »