јули 19, 2011 | Uncategorized
Денес работев на функционалностите логин (најава), регистрација (нов акаунт) и заборавена лозинка.
0. Вклучување, избор и исклучување на базата на податоци во php.
1. Логин – во овој дел, прво се проверува дали се пополнети корисничкото име (број на книшка или брoj од здравствен фонд) и лозинката. Во потврден случај, се проверува дали се совпаѓаат корисничкото име и лозинката (дали постојат како пар), со пристап до базата на податоци. Доколку условите се исполнети, се оди на страната за доктор/пациент (можеби и админ подоцна).
2. Регистрација – тука се обезбедува форма за регистрирање, со сите потребни полиња. Ги додадов опциите при нецелосен влез да бидат потенцирани полињата кои се погрешни, а исто така да се запамти претходниот влез/избор. Сигурноста на лозинката се потврдува со двоен внес. Листата на градови ја додадов од листата на податоци, со веб програмирање. Исто така, опции со избор се и полот и датумот на раѓање. Креирав и страница која потврдува дека внесот е успешен. Паралелно, се додаваат податоците во базите на податоци.
3. Ја заборавив лозинката – овој линк те носи на нова страница, каде треба да го внесеш е-мајлот со кој си регистриран. Доколку е во ред, на него се испраќа нов случаен 32-знаковен пасворд, со што се зголемува сигурноста.
0 Comments Read More
јули 19, 2011 | Uncategorized
Фаза КОДИРАЊЕ (број 3). Главниот предизвик започна.
1. Инсталација на wordpress и wamp на лаптопите. Подесување. Префрлање на базите, ова го решивме по истражување на google, со користење на export и import опции на phpmyadmin.
2. Разговарање со Јасмина и Александра околу одредени идеи.
3. Почеток на програмирањето. Креирање на почетниот интерфејс (страната index.html/php). Додавање на полиња, кошчиња и линкови.
4. Барање на пример скрипти, и почеток на пишување на функционалност на почетната страна.
5. Одредување на темплејт за работа со wordpress.
6. Делење на обврските за нареден ден.
7. Повторен разговор за дизајнот на целата апликација, со осврт на функционалностите (претходниот дизајн беше исто така добар, меѓутоа го загубивме записот).
0 Comments Read More
јули 17, 2011 | Uncategorized
Листа на исполнети активности на ден петок, 15ти јули:
1. Одржан координативен состанок со другите практиканти и Александар и Александра. Разговор за направеното во изминатата недела и изнесување на идеи и планови за наредната. Потоа, координативен состанок на секој оддел во АТТЕ пооделно.
2. Дизајнирање на детален прототип на интерфејсот на страната за пациенти. Просторно дефинирање на најголем дел од работите и ставање на прашалници кај останатите (за да се дефинираат во иднина).
3. По паузата, јас и Александар М. работевме на веб – страната на АТТЕ. Најдовме template кој ќе биде навистина корисен. Освен естетиката, ја искористивме и можноста за втор сајдбар, поставување на лого, делење на постовите во колони (две), … Поставување на анкета во вториот сајдбар, менување на опции во постоечки html/css-фајлови. Додавање на нови опции за приказ на корисниците (вработените/практикантите/волонтерите).
0 Comments Read More
јули 14, 2011 | Uncategorized
Денес беше прилично исполнет ден, времето во АТТЕ го поминавме навистина корисно.
1. Презентирање на резултатите од вчерашната анализа на програмата openMRS на Александар. Дискусија околу компонентите.
2. Изготвување на табела со сите потребни функционалности на идната програма, листа на компоненти и нивна достаност до секој од можните профили на луѓе.
3. Презентација на Александар Мојанчевски, практикант, на неговите познавања на базите на податоци.
4. Изготвување на план, дизајнирање на базите на податоци на таблата. Дискусии и судир на спротивставени мислења, а како краен продукт – крајна прецизна замисла за табелите (entities), со нивните атрибути и поврзаноста меѓу нив.
5. Планот запишан на табла го претворивме во реализација. Изготвени беа стандардни и релациони табели, а за дел од нив се внесоа и можните вредности (градови, крвни групи, …).
6. Ручек – дружење со децата и волонтерите/организацијата на Роботека.
7. Работење на веб-страната на АТТЕ – за да се подобри приказот на лицата од АТТЕ, мораше прво да се додадат и изменат полињата за регистрација (со плагин). Со тоа патем се подготви и формата за регистрација, која ја поставивме во header. Наредно, со plugin editor – от го изменивме и порамнивме приказот на лицата од организацијата на АТТЕ.
0 Comments Read More
јули 13, 2011 | Uncategorized
Среда, 13ти јули. Продолжување со започнатите активности и по нешто ново:
1. Состанок на АТТЕ – средба на вработените со практикантите и волонтерите. Подобро запознавање. Дискутирање околу изминатите активности на екипата од АТТЕ. Одредување на правила и множество на вредности, за доброто на организацијата. Разговарање за минатото и идните планови на АТТЕ.
2. Презентација на Александар за базите на податоци:
- Основен поим, зошто се потребни, основен приказ, јазици кои ги имплементираат, …
- Разбирање на значајноста на добра стратегија во врска со базите (лоша би можела да значи лесно overload или пад на серверот).
- Како да се направи добра стратегија, како да се поврзат базите (one to one, one to many many to many).
- Стандардни и релациони табели.
3. Детална анализа на openMRS open – source апликацијата, компонента по компонента. Дискусија зошто секоја од нив (не) би можела или (не) би требала да се искористи. Заклучоци.
4. Нови првични идеи за базите на податоци, со користење на новите знаења од денешната презентација.
5. Работа на страната на АТТЕ. Нови идеи. Работа на идејата за поставување на страна (page), како дел од менито, таква што ќе овозможи прикажување на сите членови на АТТЕ. Форматот би бил: име, презиме, корисничко име, биографија за личноста, мејл, позиција во АТТЕ и негова слика. Доколку некое од незадолжителните полиња не е пополнето, да не се прикаже воопшто. Оваа задача беше во најголем дел исполнета, со користење на неколку плагини (пред се, WordPress Users плагинот,
кој требаше и ќе треба значајно да се модифицира за потребите на нашата замисла).
0 Comments Read More
јули 12, 2011 | Uncategorized
Вторник, ден 6ти, извршени активности (подготовка за втората фаза – на дизајн и други активности од различен тип):
1. Избирање на open – source постоечко решение, од кое ќе користиме готов код. Дефинирање на јазиците кои ќе се користат во проектот.
2. Препознавање на јазиците кои се користат во постоечката репер – програма.
3. Разгледување на Google Body програма. 3D анимирање на човечкото тело (машко или женско), приказ на сите коски, мускули, повредени (или оштетени) делови и слично. Ова би можело да се искористи во некоја од наредните верзии на програмата, во тековната најверојатно нема.
4.Поделба на задачите помеѓу практикантите:
-Работа со бази на податоци
-Изработка на интерфејс
-Веб програмирање
-Quality assurance (тестирање)
5. Поминување на време со децата – учесници од Роботека и нивните претпоставени, запознавање со нивните тековни задачи.
6. RSS feed е можност за поврзување на нашата со друга страна, при што постовите од неа ќе се објавуваат автоматски и на нашата веб – страна.
6. Разгледување на страната на АТТЕ. Креирање на нова верзија од оваа веб страна, со нов изглед и опции. Засега се додадени категории и постови, поставено е менито (главното). Во sidebar-от е поставен RSS feed кон страната на Роботека 2.0. Поставено е копче (со plugin) за ФБ лајк.
0 Comments Read More
јули 11, 2011 | Uncategorized
Денешниот ден беше искористен како меѓуфаза (или подготовка за втора фаза).
1.Со Петар разговаравме за досега направеното. Потоа, предлагавме идеи и дојдовме до план за дизајн: изглед на страница, навигација, мени, кои полиња треба да ги имаат класите кои ќе се користат, … Се согласивме околу страните кои треба да служат како пример при изработката.
2. Посета на учесниците од третата недела на РОБОТЕКА 2.0.
3. Креирање на база на податоци. Креирање на табели кои би се користеле. Поставување на врски помеѓу табелите со index поле. (ова не е крајна верзија на базата на податоци, туку првичен зацрт).
0 Comments Read More
мај 24, 2011 | Uncategorized
Оваа анкета е за нов концепт за Летната Програма “Роботека 2.0″. Пополнете ја анкетата до 29.05.2011 за да бидете вклучени во извлекувањето на две целосни стипендии за учество на Роботека 2.0.
Можеби сте слушнале, или вашето дете учествуваше на Летниот Камп “Роботека.” За разлика од Летниот Камп, кој што се одржуваше во Детското Одморалиште “Пелистер,” планираме Летната Програма “Роботека 2.0″ да се одржува во просториите на основните училишта во Битола. Мисијата на програмата “Роботека 2.0″ е да ги инспирира и информира младите преку можностите на роботиката и информатиката во сите области на животот, притоа вклучувајќи ги наставниците и зближувајќи ја заедницата.
За повеќе информации за Роботека 1.0 и работата на АТТЕ, ве молиме посетете ja страницата на Роботека http://www.roboteka.mk/ или на Асоцијацијата за Техничко Технолошка едукација http://www.atte.mk/
Концепт: Летната програма Роботека 2.0 ќе се одржува во неколку основни училишта и би траела помеѓу 5-10 учебни денови, од 8:30 до 16:00 часот, со можноста за екскурзија до некоја компанија во регионот која што користи автоматизирани машини/роботи. Учесниците би добиле еден оброк (ручек). На секои 15 ученици ќе има по еден назначен наставник. Со летната програма ќе раководат одлично обучени наставници, кои многу сакаат да работаат и да се дружат со деца.
0 Comments Read More
април 02, 2011 | Uncategorized
Добредојдовте на новата веб-страна на АТТЕ.
Ве молиме бидете трпеливи во следните неколку месеци додека ја ажурираме и подобруваме веб-страната со нови текстови и други новости.
0 Comments Read More