Дневник, ден 21, 09 август 2011

август 09, 2011 | Uncategorized

Завршни подготовки на веб-апликацијата, спуштање на ниско ниво и средување на детали.

1. Delete – последна наредба кај базите на податоци. Искористување за бришење на пациент од листата на пациенти, која се прикажува кај докторот (соодветно бришење на доктор од листата која се прикажува кај пациентот). Оваа опција е можна кај докторот.

2. Коментари во кодот – додавање на нови и бришење на кодот кој беше закоментиран претходно, во текот на кодирањето.
-> Во почетниот интерфејс за логин/регистер/…
-> Во делот за докторот – wordpress
-> Во делот за пациентот – wordpress

3. Средување на надворешен изглед на index.php. Промена на линкови и промена на сликите, поставување на дизајнираната слика.

4. Превод на англиските делови низ апликацијата, менување на име на копчињата, линковите, текстот и слично…

5.  Рефакторирање на кодот – креирање на функции за упростување. Всушност, креиравме само една функција за поврзување со базата на податоци.

6. Разно – навигација низ апликацијата и измена на одредени делови.

Share

Дневник, ден 20, 08 август 2011

август 08, 2011 | Uncategorized

Последни промени и дополнувања на страната за пациенти…

1. Повторно добар дел од денот поминат на делот со сесии за памтење на логираниот пациент во делот за пациент. Повторно неуспешно на крај, иако изгледаше дека е добро прво. Разгледување и промена на код во многу фајлови (index.php, functions.php, load.php, wp-settings.php, wp-config.php, …). Работа и во самата база на податоци, бидејќи сметавме и дека е причината во различниот префикс на табелите во неа.

2. Правење на страната со календар и закажување кај пациентот. Додавање на можност за закажување и откажување на термин, или неприкажување на истиот. Првите две опции се исполнуваат со користење на GET и на нова страна.

3. Пишување на кодот за приказ на медицинската историја на лицето, без можност за промена на истата.

4. Пишување на код за страна на која пациентот ќе може да промени лозинка (со двоен внес на истата). Можност за приказ на грешните полиња со опис за нив.

5. Копче за одлогирање со бришење на сесиите.

6.Средување на сајдбарот за приказ на податоци за пациентот. Копче и нова страна за нивна промена.

7. Средување на менито, навигацијата, линкови, преименувања на променливи/компоненти,…

Share

Дневник, ден 19, 04 август 2011

август 07, 2011 | Uncategorized

Листа на завршени точки на ден 19 од практичната настава во АТТЕ:

1. Употреба на SESSIONS наместо COOKIES за поврзување на страните. Ова единствено има примена кај поврзувањето на почетната страна со страните за логиран доктор/пациент. На сите други места поврзувањето го направивме со додавање на податоци/променливи на самиот линк и потоа читање на податоците со GET наредба.
-Негативности: траењето на една сесија е ограничено, обично на 24 минути. GET наредбата прикажува податоци во самиот   линк, што е лошо  во поглед на сигурноста.

2. Додавање на logout копче со кое се бриши (destroy) сесијата.

3. Оптимизирање на дел од кодот со додавање на иф-циклуси.

4. Средување на навигацијата помеѓу страниците, додавање линкови/копчиња и слично.

5. Поправање на календарот кај докторот – решавање на проблемот со n-копчиња (не се знаеше кое копче е притиснато) со замена на копчињата со линкови.

6. Пишување на код за календарот кај пациентот, со дополнителна можност за закажување. Пишување и на наредната страна во php со команди за додавање на податок во базата на податоци.

+Активности на Александар, Петар и Весна: додавање на гугл мапи и кај пациентот, работа на други функционалности на пациентот, поставување на интернет, додавање на податоци во базите, …
+Овој ден завршивме (горе-долу) со функционалностите кај докторот, наредниот ден Александар  и Весна го досредија пациентот.

Share

Дневник, ден 18, 03 август 2011

август 04, 2011 | Uncategorized

1. Речиси цел работен ден го поминав барајќи решение за поврзувањето на страниците, т.е. при притиснување на копче да се оди на нова страна, но пред тоа да се постави cookie. Ова би се реализирало лесно во пхп/јаваскрипт, па поради тоа пробав да ги искористам плагините кои ги направивме претходно. Не успеа ни ова, ни милион други начини. Проблем : header информациите се веќе пратени, не може да се додаваат нови на сред страна.

2. Направивме плагини и делови за поврзување на сите места каде тоа беше потребно – поврзување на index.php со страните за логиран доктор и пациент; читање во sidebar-от, и т.н. Поради првата точка (неуспехот при поврзување), ова не функционира, меѓутоа кога ќе се најде решението, со мали измени ќе функционира секаде.

3. Страни за додавање на нова алергија/вакцина/… во базата на податоци.

4. Страни за менување на податоците на логираниот доктор + промена на пасвордот.

5. Страни за менување на  податоците на некој пациент, од страна на докторот. Услов, пациентот мора да е поврзан со дадениот доктор.

Share