Дневник, ден 18, 03 август 2011
август 4, 2011 | Uncategorized
1. Речиси цел работен ден го поминав барајќи решение за поврзувањето на страниците, т.е. при притиснување на копче да се оди на нова страна, но пред тоа да се постави cookie. Ова би се реализирало лесно во пхп/јаваскрипт, па поради тоа пробав да ги искористам плагините кои ги направивме претходно. Не успеа ни ова, ни милион други начини. Проблем : header информациите се веќе пратени, не може да се додаваат нови на сред страна.
2. Направивме плагини и делови за поврзување на сите места каде тоа беше потребно – поврзување на index.php со страните за логиран доктор и пациент; читање во sidebar-от, и т.н. Поради првата точка (неуспехот при поврзување), ова не функционира, меѓутоа кога ќе се најде решението, со мали измени ќе функционира секаде.
3. Страни за додавање на нова алергија/вакцина/… во базата на податоци.
4. Страни за менување на податоците на логираниот доктор + промена на пасвордот.
5. Страни за менување на податоците на некој пациент, од страна на докторот. Услов, пациентот мора да е поврзан со дадениот доктор.