Дневник, ден 21, 09 август 2011

август 9,2011 | Uncategorized

Завршни подготовки на веб-апликацијата, спуштање на ниско ниво и средување на детали.

1. Delete – последна наредба кај базите на податоци. Искористување за бришење на пациент од листата на пациенти, која се прикажува кај докторот (соодветно бришење на доктор од листата која се прикажува кај пациентот). Оваа опција е можна кај докторот.

2. Коментари во кодот – додавање на нови и бришење на кодот кој беше закоментиран претходно, во текот на кодирањето.
-> Во почетниот интерфејс за логин/регистер/…
-> Во делот за докторот – wordpress
-> Во делот за пациентот – wordpress

3. Средување на надворешен изглед на index.php. Промена на линкови и промена на сликите, поставување на дизајнираната слика.

4. Превод на англиските делови низ апликацијата, менување на име на копчињата, линковите, текстот и слично…

5.  Рефакторирање на кодот – креирање на функции за упростување. Всушност, креиравме само една функција за поврзување со базата на податоци.

6. Разно – навигација низ апликацијата и измена на одредени делови.

Share

Дневник, ден 20, 08 август 2011

август 8,2011 | Uncategorized

Последни промени и дополнувања на страната за пациенти…

1. Повторно добар дел од денот поминат на делот со сесии за памтење на логираниот пациент во делот за пациент. Повторно неуспешно на крај, иако изгледаше дека е добро прво. Разгледување и промена на код во многу фајлови (index.php, functions.php, load.php, wp-settings.php, wp-config.php, …). Работа и во самата база на податоци, бидејќи сметавме и дека е причината во различниот префикс на табелите во неа.

2. Правење на страната со календар и закажување кај пациентот. Додавање на можност за закажување и откажување на термин, или неприкажување на истиот. Првите две опции се исполнуваат со користење на GET и на нова страна.

3. Пишување на кодот за приказ на медицинската историја на лицето, без можност за промена на истата.

4. Пишување на код за страна на која пациентот ќе може да промени лозинка (со двоен внес на истата). Можност за приказ на грешните полиња со опис за нив.

5. Копче за одлогирање со бришење на сесиите.

6.Средување на сајдбарот за приказ на податоци за пациентот. Копче и нова страна за нивна промена.

7. Средување на менито, навигацијата, линкови, преименувања на променливи/компоненти,…

Share

Дневник, ден 19, 04 август 2011

август 7,2011 | Uncategorized

Листа на завршени точки на ден 19 од практичната настава во АТТЕ:

1. Употреба на SESSIONS наместо COOKIES за поврзување на страните. Ова единствено има примена кај поврзувањето на почетната страна со страните за логиран доктор/пациент. На сите други места поврзувањето го направивме со додавање на податоци/променливи на самиот линк и потоа читање на податоците со GET наредба.
-Негативности: траењето на една сесија е ограничено, обично на 24 минути. GET наредбата прикажува податоци во самиот   линк, што е лошо  во поглед на сигурноста.

2. Додавање на logout копче со кое се бриши (destroy) сесијата.

3. Оптимизирање на дел од кодот со додавање на иф-циклуси.

4. Средување на навигацијата помеѓу страниците, додавање линкови/копчиња и слично.

5. Поправање на календарот кај докторот – решавање на проблемот со n-копчиња (не се знаеше кое копче е притиснато) со замена на копчињата со линкови.

6. Пишување на код за календарот кај пациентот, со дополнителна можност за закажување. Пишување и на наредната страна во php со команди за додавање на податок во базата на податоци.

+Активности на Александар, Петар и Весна: додавање на гугл мапи и кај пациентот, работа на други функционалности на пациентот, поставување на интернет, додавање на податоци во базите, …
+Овој ден завршивме (горе-долу) со функционалностите кај докторот, наредниот ден Александар  и Весна го досредија пациентот.

Share

Дневник, ден 18, 03 август 2011

август 4,2011 | Uncategorized

1. Речиси цел работен ден го поминав барајќи решение за поврзувањето на страниците, т.е. при притиснување на копче да се оди на нова страна, но пред тоа да се постави cookie. Ова би се реализирало лесно во пхп/јаваскрипт, па поради тоа пробав да ги искористам плагините кои ги направивме претходно. Не успеа ни ова, ни милион други начини. Проблем : header информациите се веќе пратени, не може да се додаваат нови на сред страна.

2. Направивме плагини и делови за поврзување на сите места каде тоа беше потребно – поврзување на index.php со страните за логиран доктор и пациент; читање во sidebar-от, и т.н. Поради првата точка (неуспехот при поврзување), ова не функционира, меѓутоа кога ќе се најде решението, со мали измени ќе функционира секаде.

3. Страни за додавање на нова алергија/вакцина/… во базата на податоци.

4. Страни за менување на податоците на логираниот доктор + промена на пасвордот.

5. Страни за менување на  податоците на некој пациент, од страна на докторот. Услов, пациентот мора да е поврзан со дадениот доктор.

Share

Дневник, ден 17, 29 јули 2011

јули 30,2011 | Uncategorized

1. Гостување на емисија на МТВ со цел претставување на студентската организација ИАЕСТЕ.

2. Работа на поврзување на страните, во поглед на префрлање на id-то на логираниот пациент/доктор/потребна алергија/вакцина/… WordPress правеше проблем при повик на функција на притисок на копче, па бевме приморани да бараме друг начин.

3. Проблемот го решивме со креирање на наш плагин за сопствени потреби. Ова е доста поедноставно отколку што делува на прв поглед. Ова решение го искористивме на две места, а деновиве ќе го прошириме на уште неколку.

Share

Дневник, ден 16, 28 јули 2011

јули 28,2011 | Uncategorized

Денес беше дефинитивно значајно ефикасен ден. Работевме на неколку компоненти, и на секоја од нив се ближиме кон завршната фаза. Кога ќе се отклонат грешките кај нив, ќе остане уште не така голем дел за довршување на апликацијата.

1. Завршување на проверките и валидациите кај делот за регистрација на доктор и пациент.

2. Александар М. работеше на гугл мапс, инсталира плагин и сега треба уште да се додадат аптеките и да се најде функција за пресметување на патно растојание. Петар работеше на приказот на основните податоци кај пациентот и го заврши успешно.

3. Заедно со Весна ги направивме формите за приказ на алергии, вакцини, прегледи и терапии за даден пациент. Проблем се појави кај делот со sessions i cookies.

4. Ги направив формите за додавање на нова вакцина и алергија. По овој пример може многу лесно да се направат и за додавање на преглед и терапија.

5. Работа заедно со Александар М. на делот за креирање на нов пациент од страна на докторот. Наидовме на проблеми со базите на податоци (двојно конектирање и одбирање на база), како и со јаваскрипт делот во wordpress.

6. Последните часови, заедно со Весна и Александар М., работев на календарот кој треба да прикаже слободни и зафатени термини за еден доктор. На крај, успеавме – формата функционира, потребно е само естетски да се среди (во табела).

Share

Дневник, ден 15, 27 јули 2011

јули 27,2011 | Uncategorized

Ден 15, фазата кодирање е во тек.

1. Мала координација со остатокот од тимот.

2. Работа на регистрацијата. Дебагирање на грешките во кодот за date picker календарот. Барање на други верзии и конечно наоѓање и приспособување на прикладна верзија. Конверзија во формат соодветен за во базата на податоци. Користење на php за да се запамтува внесот при неуспешна регистрација.

3. Работа на валидација на формите кај регистрација кај доктор и пациент (освен празните полиња). Користење на готови и мои функции.
-> Останува за утре да се најде функција која ќе проверува валидност на името и презимето.

4. Работа на делот за заборавена лозинка. Поправање на грешките преку дебагирање и симултано тестирање.
-> За утре – да се испита дали може да се праќа мејл и од локален хост (не би требало).

*Секое пишување на нов код или измена на стариот е проследено со добро тестирање со примери од базата на податоци!

5. Присуство на обука од областа на односи со јавност (со Наташа Чавдаровска). Интеракција, нови знаења и хоризонти, шанса да ја покажеме нашата вештина при давање на изјава пред камера.

Share

Дневник, ден 14, 26 јули 2011

јули 27,2011 | Uncategorized

1. Првите неколку саати ги поминавме прегледувајќи и комплетирајќи комплети за работа во Роботека.

2. 2 часа состанок со практикантите и организацијата на АТТЕ. Дискусија околу теми значајни за иднината на асоцијацијата.

3. Работа на проектот за пациенти. Бидејќи имаше проблеми кај делот за регистрација и поврзаноста со базата на податоци, поминав неколку часа дебагирајќи. Среќно, на крај ги решив проблемите со земање на id од друга табела при внес на нов пациент/доктор/клиника, како и проблемот со земање на денешната дата во потребен формат (согласно со форматот во базата на податоци). Проблемот со готовиот календар е делумно решен, крајното решение се надевам ќе биде утре.

Share

Дневник, ден 13, 25 јули 2011

јули 26,2011 | Uncategorized

Денес почнавме да ги разрешуваме проблемите (пред се оние покрупните) на кои наидовме во минатата недела. Еве листа на активности од денешниот ден:

1. Средување и прегледување на неколку комплети роботи од летната школа РОБОТЕКА 2.0.

2. Поставување на досега сработеното на ftp сервер.
а) Инсталација на wordpress на серверот.
б)  Префрлање на базите на податоци од локален сервер со export/import наредби.
в) Инсталација на темата со export/import наредби.
г )Инсталација на FileZilla софтвер, за лесно работење со ftp серверот.
д) Модификација на config фајлот.

3. Дебагирање на делот со регистрација на пациент. Наоѓање на неколку грешки по пат. Се појави потреба за модификација на базите за полесно програмирање. Ова повлече повторно импортирање на некои бази.

4. Средување на вордпрес делот во папка/и, и аплоадирање на делот со логин/регистер, со цел index.php да остане првата страна која се појавува. Понатаму се оди во некоја од двете папки (доктор/пациент), во зависност од логирањето.

Share

Дневник, ден 12, 20 јули 2011

јули 21,2011 | Uncategorized

На овој ден посветив време на следните точки:

1. Дополнување/подобрување на кодот за регистрација. Средување на кодовите за администрација кај докторот.

2. Работа заедно со Александар Мојанчевски за приказ на податоци кои се читаат од базите во wordpress. Приказ на податоци за докторот во sidebar. Приказ на сите пациенти за логираниот доктор на самата страна (со плагин за php код).

3. Работа заедно со Александар Мојанчевски на календарот кај докторот. Дефинирање на нови табели и врски во базите на податоци. Календарот не функционира засега, можни начини за подобрување се: промена на дизајнот на базите на податоци или промена во php кодот за приказ.

4. Разгледување на sessions. session_start()/end()/destroy(). Паметат одредена информација за една страна (може да се користи за бројач на посетители, за памтење на логиран корисник-негово id, и слично…).

5. Идеја за тоа како да се поврзи почетниот дизајн со wordpress делот. Пишување на соодветни линии код, но проблем при тестирање, поради багови во претходно напишан код.

Share

« Older Entries